Наша Приказна

Бонита

Име на компанијата: Друштво за производство, трговија и услуги БОНИТА ВИТА ДОО увоз-извоз Скопје
ЕМБС: 7299338
ЕДБ: 4057018542320
Е-пошта: info@bonita-vita.com

Органските производи на Бонита се дел од семејна приказна која сака да го одрази и пренесе она што го прави најдобро за себе. Основана во 2018 година во Скопје, Македонија, таа има за цел да помогне во развојот на здрав начин на живот на целата заедница, истовремено зголемувајќи го нејзиниот квалитет.

Органски и Здрави Производи Директно До Вас

„Ние сме она што го јадеме“, рече Хипократ, и длабоко веруваме во оваа реченица која се докажува како вистинита секој ден. Здравата и добра исхрана, покрај здравото тело и здравиот ум, ќе ни овозможи исполнување на секојдневните задачи и уживање со полн капацитет.

Наша Филозофија

Како промотори на здрав начин на живот, инвестиравме многу љубов, грижа и висококвалитетни состојки. Во синергија со природата, без употреба на супстанции што нашето тело не ги препознава и работи што можат да ни наштетат, Бонита пред сè лансира супер вкусни органски путери. Со план и визија за поширок асортиман на органски производи, сакаме да им обезбедиме на родителите можност да всадат здрави навики кај своите деца уште од мали нозе. Сакаме да им дадеме енергија на професионалните и рекреативните спортисти и спортистки, а едноставно уживање за сите.

Бонита ќе се потруди да го задржи и континуирано да го подобрува квалитетот на своите производи и да им го понуди најдоброто на корисниците. Многу изненадувања ве очекуваат, следете нѐ. Уживајте со Бонита, уживајте во вкусот на среќата.

Органски и Здрави Производи Директно До Вас